Достапни линкови

Загина рудар во „Саса“


илустрација

илустрација

Во рудникот за олово и цинк „Саса“ - Македонска Каменица утринава во 10 часот загина Диванис Ивановски, роден 1963 година. Портпаролот на СВР Штип, Снежана Санева потврди дека до несреќата дошло поради одронување на руда. Ивановски починал на лице место. Неговиот колега, кој работел со него во јамата, се здобил со лесни телесни повреди. Во тек е истрага во рудникот од страна на истражен судија, јавен обвинител и рударски инспектор за утврдување на причините на несреќата.
XS
SM
MD
LG