Достапни линкови

Ново домашно задолжување пред доспеано раздолжување


Министерството за финансии се задолжи со емисија на три и шестмесечни државни записи во вкупен износ од 2,9 милијарди денари, по каматна стапка од 4,2 проценти, односно 4,1 проценти. Од институцијата информираат дека утре за враќање по основ на веќе издадени записи, ќе бидат исплатени околу 3,8 милијарди денари, односно износот на презапишаните записи е намален за 24 отсто. „ На овој начин, со постепено намалување на сумата на презапишаните записи, Министерството за финансии го одржува своето ветување кон бизнис заедницата, а при тоа да не предизвика нарушување на пазарот на капитал и хартии од вредност во земјава“ се наведува во соопштението од Министерството.
XS
SM
MD
LG