Достапни линкови

logo-print

Либијските бунтовници бараат заем за спас на економијата


Либијските бунтовници тврдат дека источниот дел на земјата ,кој е под нивна контрола, економски ќе колабрира и бараат западните земји да им одобрат заем во износ од 3 милијарди американски долари, пари кои би се обезбедиле од замрзнатиот капитал на лидерот Муамар Гадафи. Али Тархони, кој го води портфолиото за економија и нафта во бунтовничката администрација апелираше до Италија Франција и Соединетите американски држави да помогнат со заем од „две до три милијарди американски долари“. Либијската економија колабрира по неколкумесечните судири меѓу приврзаниците на опозицијата и лојалистите на Гадафи.
XS
SM
MD
LG