Достапни линкови

Австрија претпочита привилегирано партнерство меѓу Европската унија и Турција


Австрија претпочита привилегирано партнерство меѓу Европската унија и Турција наместо полноправно членство за Анкара, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Шпинделегер. Тој во интервју за австриското радио, дадено за време на посетата на турскиот претседател Абдула Ѓул на Австрија, истакна дека преговорите за членство во ЕУ со Турција ќе траат повеќе години и ќе послужат за „европеизација“ на земјата. „Ќе почекаме и ќе видиме, што ќе се случи, ќе бидеме конструктивни, но верни на главната позиција, ќе се стремиме кон специјално партнерство со Турција“ рече Шпинделегер. Официјален став на Виена е дека исходот од преговорите за членство на Турција е отворен.

XS
SM
MD
LG