Достапни линкови

Уапсени членови на терористичка келија во Прага


Чешката полиција соопшти дека разоткрила теориристичка келија која наводно подмагала во подготвувањето на терористички напади во Северен Кавказ. Се смета дека деветчлената група била дел од радикална исламистичка организација во Дагестан. Според полицијата, терористичката келија се доселила во Прага од Берлин. Обвинети се за фалсификување на патни исправи и подготовка на експлозиви и оружје за терористички напади. Меѓу уапсените има државјани на Бугарија и жители од Северен Кавказ. Чешката полиција исто така извршила претрес на станот на 31 годишен Чеченец каде пронашла оружје и муниција.
XS
SM
MD
LG