Достапни линкови

logo-print

Подигнат споменик за слобода на говорот во Турција


од протестот на новинарите во Турција

од протестот на новинарите во Турција

Споменик, посветен на слободата на говорот беше подигнат во Турција, каде 68 новинари се наоѓаат во затвор. Додека светот денеска го празнува Меѓународниот ден на слободата на медиумите, во Истанбул беше откриен споменик, со кој се повикува на ослободување на турските новинари, кои се наоѓаат зад решетки „бидејќи допреле во табуата за властите или определен дел на општеството“. Идејата за подигнување на Споменикот на слободата на изразување е на новинарот Октај Екши од весникот „Хуриет“, кој добил поддршка од истанбулската општина Шишли и Платформата за слобода на новинарите. Во извештајот на Меѓународниот институт за медиуми Турција е претставена како „светски лидер“ по бројот на новинари во затвор, и тоа пред земји како Иран и Кина.
XS
SM
MD
LG