Достапни линкови

САД и Романија со договор за противракетниот штит


САД и Романија се договорија за распоредување на елементи од идниот американски противракетен штит во романската воена база Девеселу, во близина на границата со Бугарија. Ова денесдка го изјави романскиот претседател Трајан Басеску, додавајќи дека во базата ќе бидат стационирани 200 американски војници. Басеску повтори дека противракетниот штит не е насочен против Русија. Претходно американскиот помошник држвен секретар Елен Таушер изјави дека станува збор за распоредување на пресретнувачки ракети на романска територија, како дел од американскиот план за противракетна одбрана во Европа. Таа додаде дека ракетите ќе бидат оперативни до 2015 година.
XS
SM
MD
LG