Достапни линкови

Во НАТО напад во Авганистан убиени стражари


Авганистанската полиција соопшти дека најмалку петмина авганистански стражари биле убиени во денешниот воздушен напад на НАТО силите во јужниот дел на земјата. Се прецизира дека убиените биле дел од заштитата на конвојот со намирници наменети за НАТО базите во провинцијата Газни. НАТО соопшти дека нападот бил насочен против бунтовниците во тој регион, но авганистанската полиција демантира дека станува збор за вооружени милитанти.
XS
SM
MD
LG