Достапни линкови

logo-print

Охридските училишта со зголемена безбедност


Општина Охрид инсталираше безбедносни камери во училиштата, а ангажирани се и ноќни чувари.

Во време кога училиштата во Македонија се почесто се места на тепачки и други инциденти со повредени ученици, па дури и со фатални последици по нивниот живот, охридските училишта уште пред препораките на ЗЕЛС воведоа поголеми безбедносни мерки. Со проектот за модернизација на
Тоа е со единствена намера да се спречат немилите последици. Ние сугерираме и во постојан контакт сме со родителите и стручните служби во училиштата и во едукативниот и во воспитниот дел, кој за жал години наназад е запоставен во образованието
образованието во поголемите основни и сите средни училишта во Охрид беа инсталирани видео камери, а општината како единствена во земјава, од својот буџет ангажираше и ноќни чувари поради големите штети од руинирање и кражби во училиштата, каде сега има и постојано физичко обезбедување од лиценцирани агенции.

„Тоа е со единствена намера да се спречат немилите последици. Ние сугерираме и во постојан контакт сме со родителите и стручните служби во училиштата и во едукативниот и во воспитниот дел, кој за жал години наназад е запоставен во образованието, бидејќи со овие наставни планови и програми најмалку има време за воспитната компонента, и во тој дел ние сугерираме постојано да се одржуваат предавања и да се едуцираат децата околу она што за жал станува секојденевие, а тоа е се поголемата агресивност во училиштата“, вели Митре Велјановски, од секторот за образование во општина Охрид.

Меѓу Охридските ученици имало нарушувања на јавниот ред и мир, физички напади и тепачки, но за среќа до сега немало поголемо инциденти со ладно или огнено оружје, со потешки последици како во другите градови.

Охридската полиција соработува со раководствата и службите во училиштата за
Во текот на минатата година, во основните училишта СВР Охрид има регистрирано четири прекршоци, во 2009-та година тој број бил седум. До овој момент оваа година пријавени се три вакви прекршоци. Се работи за учество во тепачка, учество во напад и присуство на ученици кои го реметат мирот и редот во училиштето, во кои предизвикувачите не биле ученици.
намалување на асоцијалните однесувања кај учениците, преку проектите: превенирање на конфликтите меѓу младите и намалување на малолетничката деликвенција, контрола на агресивноста, превенција и решавање на конфилкти и насилство меѓу младите во училиштата, како и со организација на спортски натпревари за зближување на младите и работилници на тема „стоп за насилството во училиштата“.

„Во текот на минатата година, во основните училишта СВР Охрид има регистрирано четири прекршоци, во 2009-та година тој број бил седум. До овој момент оваа година пријавени се три вакви прекршоци. Се работи за учество во тепачка, учество во напад и присуство на ученици кои го реметат мирот и редот во училиштето, во кои предизвикувачите не биле ученици. Во средните училишта лани имаме регистрирано осум прекршоци, во 2009-та овој број бил десет, а годинава досега имаме регистрирано четири прекршоци. Причините биле банални и незначителни со несериозни конфликти меѓу младите, кои во еден момент ескалирале односно со учество во тепачка од неколку неколку ученици“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, кој во превенирањето на насилствата меѓу учениците работи и со советодавна група граѓани на подрачјето на општината.

„Факт е дека агресивноста од ден на ден од генерација на генерација е се поголема и поголема. Тоа е општествен проблем и мислам дека општеството многу посериозно со него треба да се позанимава. Ние во образованието години наназад правиме некои шминки и сметаме дека го подобруваме неговиот квалитет. Но, треба суштинска и експретска промена, со вклучување на базата и луѓето од основните и средни училишта, оние кои се којдневно се во контакт со учениците, со стручните служби на педагози, социолози и психолози заедно со науката, многу студиозно и сериозно да се пристапи на овој проблем, бидејќи се друго би било еднострано“, вели Велјаноски, кој потенцира дека за подигнување на безбедносната култура меѓу младите неопходно е комплексно и студиозно да се делува преку спрегата ученици, наставен кадар, родители.
XS
SM
MD
LG