Достапни линкови

Кантримен: Во Македонија може да се регистрира фирма за 1 ден


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Во Македонија е возможно да се регистира нова фирма за помалку од еден ден, рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Томас Кантримен говорејќи за предностите да се инвестира во Македонија на дводневниот Бизнис-самит „САД-Балкан“ во Балтимор.
На владите на Балканот, истакна Кантримен, останува да ги спроведат неопходните реформи за унапредување на деловната клима, јави Гласот на Америка на македонски јазик.
Бизнисмените од Балканот им порачаа на американските компании дека се добредојдени да инвестираат и се заложија за олеснување на бирократските бариери за побрз влез во регионот.
Според политичките претставници од Балканот, создавањето клима за инвестирање ќе го забрза и процесот на интеграција на регионот во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG