Достапни линкови

Грција - втор ден во Хаг ја преставува својата одбрана


Јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција во врска со примената на Времената спогодба продолжува денеска пред Меѓународниот суд во Хаг со презентација на грчките аргументи.
Мариа Телалиан правен советник во МНР на Грција во својство на застапник на Атина, вчера на првиот ден рече дека Грција не ја блокирала апликацијата на Македонија за членство во НАТО, односно не го прекшила членот 11 бидејќи Македонија ја поднела апликацијата под уставното име. Според неа членот 11 содржи заштитна одредба и и дава право на Грција да приговори ако на земјата апликант и се обраќаат поинаку од привремената референца.
- Со фактот што поднела апликација под уставното име, наспроти своите обврски да не го употребува, со тоа се исполнети условите за наше приговарање. Без разлика дали е самит на НАТО Грција делуваше како земја член на Алијасната и законски обврзана да каже дали критериумите на НАТО вклучително критериумите за добрососедски односи се исполнети, рече Телалиан.
XS
SM
MD
LG