Достапни линкови

Албанија: бришењето на долговите за струја демагогија?


Албанскиот Премиер Сали Бериша

Албанскиот Премиер Сали Бериша

Албанската Влада реши да ги избрише долговите за неплатени сметки за електрична енергија на 270 илјади сиромашни домаќинства.
Долговите на Албанците, кои не ги платиле сметките за струја, се проценуваат на 400 милиони долари.
Сметките се однесуваат за периодот пред приватизацијата на државната компанија КЕШ, која беше купена од чешката компанија и беше преименувана во ЧЕЗ во почетокот на 2009 година.
Опозицијата ја оцени одлуката на Владата на Сали Бериша како „демагошка“ и како обид да се обезбедат гласови за општинските избори на 8 мај.
XS
SM
MD
LG