Достапни линкови

Филе - Името суштинско за евроинтеграциите


Премиерот Никола Груевски на средба со еврокоместарот за проширување Штефан Филе во Брисел

Премиерот Никола Груевски на средба со еврокоместарот за проширување Штефан Филе во Брисел

Од суштинско значаење е прашањето за името да се реши, во спротивно постои ризик земјата да заостане во евроинтегративниот процес, се наведува во соопштението на еврокомесарот Штефан Филе, јавува МИА.

Филе вчера во Брисел се сретна со премиерот Никола Груевски.

Еврокомесарот за проширување порачал дека земјата треба да продолжи со својата реформска агенда и оти е неопходно да се направи прогрес во политичкиот дијалог, реформата на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата и слободата на изразување.

Во однос на политичкиот дијалог, како што стои во соопштението, Филе ги повикал премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, да ги удвојат напорите за постигнување договор за решавање на актуелните отворени политички прашања.
XS
SM
MD
LG