Достапни линкови

logo-print

НАТО само на небото, но не и во борбите во Либија


Бунтовнички војник во близина на градот Аџдабија во Либија

Бунтовнички војник во близина на градот Аџдабија во Либија

Земјите членки на НАТО се договорија да ја преземат контролата над зоната на забранети летови над Либија, со цел да го заштитат населението во таа земја, изјави генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен. Сепак, НАТО нема да го преземе водењето на другите воени операции во таа земја. На состанокот на преставниците на 28 земји-членки на НАТО во Брисел, иако се разгледувало дали Алијансата да преземе поширока одговорност, сепак не дошло до одлука.

НАТО ќе ја спроведува својата операција паралелно со кампањата за бомбардирање која ја спроведува меѓународната коалиција. Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ќе испратат 12 воени авиони и ќе им се придружат на коалициските сили. Емиратите, по Катар, се втора арапска земја што се приклучи во воената коалиција против Гадафи.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во меѓувреме соопшти дека владините сили во Либија не го почитуваат прекинот на огнот и покрај наредбите од светската организација.
XS
SM
MD
LG