Достапни линкови

Македонско-грчкиот дијалог за спорот околу уставното име на Македонија продолжува и натаму.

Kонструктивна средба во функција на зголемување на довербата и приближување на ставовите за отвореното билатерално прашање, оцени шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, по денешните тет-а-тет разговори меѓу премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Брисел.
Сметаме дека најдобар начин преку дијалог се зголемува довербата и се размислува за приближување на позициите.

„Македонско-грчкиот дијалог за наметнатиот спор за нашето уставно име продолжува и натаму. Сметаме дека е тоа најдобар начин - преку дијалог да се зголемува довербата и да се размислува истовремено на кој начин да се приближат позициите, а се со цел да создадеме услови да го решиме ова единствено билатерално прашање“, рече Милошоски.


Тој не прецизира дали на средбата имало поместување и приближување на позициите, повторувајќи дека кај двете страни постои политичка волја за продолжување на дијалогот.

Билатералниот спор меѓу Грција и Македонија за името, беше во фокусот и на состанокот што премиерот Груевски претходно го имаше со високиот преставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG