Достапни линкови

Министерството за здравство очекува соработка од Лекарската комора


Министерството за здравство денеска преку соопштение уште еднаш ја повика Лекарската комора на Македонија активно да соработува и напоменува дека Комората е вклучена во сите проекти на Министерството, како и во изготувувањето на законските прописи, правилници, и е ценет партнер во сите сегменти во кои е неопходно мислењето на еснафот. Што се однесува за тајмингот на донесувањето на Законот за здравствена заштита, би сакале да не се дозволи да се дезинформира јавноста и да се создава впечаток дека овој закон се протежира во последно време, посебно во време на можни парламентарни избори, стои во соопштението од Министерството. Претходно, Лекарската комора побара одложување на законското решение до после изборите, забележувајки дека организацијата се соочува со ограничувања на јавните овластувања.
XS
SM
MD
LG