Достапни линкови

logo-print

Судот во Хаг да се прогласи за ненадлежен, аргументира Грција по тужбата на Македонија


од судскиот процес

од судскиот процес

Грција денеска ја почна презентацијата на своите контрааргументи пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во рамки на јавната расправа по тужбата од Република Македонија дека Атина ја прекршила Времената спогодба потпишана од двете земји во 1995 година, со тоа што го блокирала македонското членството во НАТО на Самитот во Букурешт. Грчкиот тим го предводат правниот советник во МНР на Грција Мариа Телалиан која започна со воведното излагање за аргументите на Атина. Во тимот се и амбасадорот во Холандија Јоргос Саваидиси, а контрааргументите ќе ги образложат неколку странски професори. Според писмените поднесоци на Атина кои се објавени на веб страницата на Судот, грчката страна својата одбрана ја темели на контраобвинување дека Македонија е таа што ја прекршила Времената спогодба. Клучниот доказ што ќе го презентираат пред 15-те судии е дека одлуката на НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 била едногласно донесена од членките на Алијансата и затоа Судот треба да се прогласи за ненадлежен за предметот.
XS
SM
MD
LG