Достапни линкови

Стапката на невработеност во Македонија речиси 31 процент


Во четвртиот квартал од минатата година во Македонија имало 659.557 вработени или 69,1 проценти и 295.371 невработени односно 30,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Заводот, вкупното активно население во овој период изнесувало 954.928 лица. Стапката на активност во овој период изнесува 57,8, стапката на вработеност 39,9, додека стапката на невработеност 30,9 отсто. За споредба во истиот период во 2009 година стапката на вработеност била 37,9, а на невработеноста 32,4 проценти.
XS
SM
MD
LG