Достапни линкови

Екс - претседателот на Украина формално обвинет за инволвираност во убиство


Леонид Кучма

Леонид Кучма

Екс- претседателот на Украина Леонид Кучма денеска потврди дека е обвинет за инволвираност во убиството на новинарот Хеорхи Гонгадзе во 2000 година. Украинскиот јавен обвинител во вторникот започна криминална истрага против 72 годишниот поранешен лидер, под сомненија за инволвираност во убиството на новинарот, најсериозниот случај на политички мотивирана егзекуција во пост – комунистичката историја на Украина. Кучма за сега не ги кажува деталите за обвинувањата против него.
XS
SM
MD
LG