Достапни линкови

Лидерски самит во Брисел за Еврозоната


Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска се состануваат во Брисел на дводневен самит посветен на воведување на подобри економски политики во Еврозоната. На самитот се очекува и одобрување на траен кризен фонд, кој би го заменил привремениот инструмент воведен за помош на седумнаесетте земји кои го користат Еврото. Сепак овие точки на агендата се засенети од оставката на премиерот на Португалија Жозе Сократес кој се повлече од лидерскиата позција откако парламентот го одби планот за штедење на неговата малцинска влада. Одбивањето на планот ја онеозможи владата да владее, забележа Сократес.
XS
SM
MD
LG