Достапни линкови

Изборите ја засенија економијата


Изборите доминираат во сите разговори

Изборите доминираат во сите разговори

Колку и да се оптоварени со секојдневните главно егзистенцијални проблеми, сепак главна тема во разговорите на граѓаните се изборите.

Колку и да се оптоварени граѓаните со секојдневните проблеми како невработеноста, нискиот животен стандард, корупцијата во институциите, партиските вработувања, сепак главна тема на сите разговори се изборите. И додека партиите се подготвуваат и се договарат кога и како ќе се одржат третите парламнетарни избори во послените пет години, народот се уште мака мачи со секојдневните проблеми, како да најде работа и да донесе леб на трпезата. Дел од граѓаните се разочарани од политичарите, велат само ветуваат, а кога ќе дојдат на власт сите се исти.
Најадени се и не веруваат дека патиме. Јас сум од Струмица, и моите доле немаат леб да јадат.

„Најадени се и не веруваат дека патиме. Јас сум од Струмица, и моите доле немаат леб да јадат. Разочарана сум и еве искрено ќе кажам 20 години сум за ВМРО, и гласав, а сега еден балкон не можам да го легализирам.“

„Социјално не е добро. Бранко што направил 20 години? Дајте им на луѓето малку да јадат.“

Тие велат дека народот е навивачки настроен и ќе излезе на избори.
И кај едните баравме работа за детето и кај другите. Магистар е, а работи како продавачка.

„Ние се уште живееме во некаква навивачка атмосфера, секој си има своја партија, навивачки се расположени и се гласа така.“

„Ние не сме како Холандија или Германија. Таму кога има избори, скоро па и никој не знае.“


„Ова е експериментален капитализам без тероризам.“

Револтот од невработеноста дополнително е зголемен и со партиските вработувања. Граѓаните велат дека секогаш постоеле врски при вработување во јавната адмнистрација, но сега тоа е многу изразено, а сите политички партии кои биле до сега на власт негираат дека такво нешто постои.


„И кај едните баравме работа за детето и кај другите. Магистар е, а работи како продавачка.“

Социологот Илија Ацески вели дека секој проблем и секое решение кое се носи во Македонија добива политики третман и тоа кај народот создава страв и несигурност. Тој вели дека граѓаните ги доживуваат изборите како елементрана непогода зашто внесуваат немир во нивното секојдневие.

„Вие слушате погрдни зборови, кампања која е жестока, најголем дел од
Ние не сме како Холандија или Германија. Таму кога има избори, скоро па и никој не знае.
луѓето се навредени без разлика за кого ќе гласаат.“

Граѓаните се дирекно зависни од политичките случувања. Секое случување во општетвото го гледаат низ призмата на политиката. За тоа сведочат и коменатрите на речиси сите медиуми кои се исполнеети со политички препукувања без разлика каква тема обработува медиумот. Граѓаните велат дека за време на избори стравуваат за своите работни места, или пак се надеваат на ново врботување, па затоа и се залагаат за партиите, но на крај им останува само разочарувањето од неисполнетите ветувања на политичарите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG