Достапни линкови

За oпозицијата е неоправдан потегот на владата да повлече средства од ММФ за реализација на сите буџетски потреби, но и за спроведување на изборите.

За власта неопходност, а за опозицијата неоправдан потег е одлуката на владата да повлече дел од кредитот на ММФ за реализација на сите буџетски потреби, меѓу кои и спроведувањето на изборниот процес. Оваа одлука на владата значи дека таа нема доволно пари за финансирање на буџетските обврски, што пак ја доведува во прашање и исплатата на редовните расходи
Самото повлекување пред најавените избори покажува дека Владата сака или ќе се обидe да потроши многу повеќе пари од она што е планирано во тој период во буџетот, ќе се обиде да создаде впечаток кај граѓаните дека се е во ред.
за плати на администрацијата, вели пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.

„Самото повлекување пред најавените избори покажува дека Владата сака или ќе се обидe да потроши многу повеќе пари од она што е планирано во тој период во буџетот, ќе се обиде да создаде впечаток кај граѓаните дека се е во ред, ќе нема задоцнување за трудничко боледување, за трето, за четврто дете, за детски додаток итн.“

Николов предупредува дека владата мора да биде внимателна со трошењето на парите, бидејќи, според него, веќе постојат тенденции за покачување на инфлацијата.

За Демократската унија за интеграција, пак, овој потег на владата бил нужност. Тахир Хани од оваа партија вели дека политичката криза во земјата ги доведува институциите во неповолна ситуација, па токму затоа се појавила потребата од повлекување средства од меѓународните финансиски институции.

,,Со сегашната ситуација институциите се доведуваат во една ненормална функција и неопходно е да се обезбедат средства за да се реализираат изборите во Макеоднија.“
Со сегашната ситуација, институциите се доведуваат во една ненормална функција и неопходно е да се обезбедат средства за да се реализираат изборите во Македонија.


Потребата од задолжување на државата, само за да се оствари политичката цел на власта, а тоа е да се спроведат изборите што посокоро, е знак дека истите ќе бидат недемократски, велат велат во опозициската Нова демократија.

„Земаат кредит за да ја остварат нивната цел за одење на избори со недемократски начин, нетранспарентен и наизбежно е дека ќе има нефер избори. Ова е обид да се направи реклама на лош производ“, вели партискиот портпарол Аријанит Хоџа.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера рече дека одлуката ја донеле врз основа на променетите околности во делот на политичката ситуација, но и поради неповолните услови за издавање на еврообврзницата. Изборите, според Ставрески, ќе го олеснат буџетот за 5 милиони евра, но засега не се планира ребаланс на истиот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG