Достапни линкови

logo-print

Оставка на премиерот на Португалија


Хозе Сократес ја соопштува оставката 24.03.11

Хозе Сократес ја соопштува оставката 24.03.11

Премиерот на Португалија Хозе Сократес денеска поднесе оставка откако вчера парламентот го отфрли предлогот на владата за новиот пакет мерки за штедење. Сократес изјави дека со тоа што сите 5 опозициони партии во Парламентот ги отфрлиле мерките за штедење, Владата веќе нема мандат да владее. Португалската влада се обидуваше со пакети мерки за штедење да ја избегне потребата од финансиска помош од меѓународните финансиски институции. Опозицијата тврди дека со предлозите, наместо да штеди владата, им се зголемуваат даноците на пензионерите и на оние со фиксни примања.
XS
SM
MD
LG