Достапни линкови

Уништени воздушните сили на Либија


Американски авион Ф16

Американски авион Ф16

Воздушните сили на Моамер Гадафи веќе не постојат, вели британскиот маршал Багвел, додека во НАТО се дискутира за проширување на степенот на вмешаноста на НАТО во операците во Либија. Во меѓувреме, тенковите на Гадафи се се уште оперативни.

Командантот на британските воздушни сили кои оперираат над Либија изјави дека воздушните сили на полковникот Моамер Гадафи како борбени сили веќе не постојат. Маршал Грег Багвел изјави дека сојузниците сега може да оперираат незагрозени на небото над Либија. Според Багвел, сега се врши притисок врз либиските вооружени сили. Како и да е, според последните извештаи, владини тенкови стрелале врз болница во градот Мисрата на западот на Либија кој под своја власт го држат бунтовниците. Според жителите на Мисрата, имало многу жртви при бомбардирањето на зградите и од снајпери кои стрелале врз цивили. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави.

„Сега се разбира дека предизвикот останува се додека Гадафи ги раководи неговите сили во нападите врз сопствениот народ.“
Предизвикот останува се додека Гадафи ги раководи неговите сили во нападите врз сопствениот
народ.

Коалициските авиони, како што се јавува, ја бомбардирале воздушната одбарана во близина на Триполи и копнените трупи на Гадафи околу Мисрата.

НАТО - консултации

Во меѓувреме, амбасадорите на НАТО се состануваат повторно во Брисел на разговори за улогата на НАТО во мисијата под мандат на Обединетите нации во Либија. Дебатите траат веќе 4 дена. Портпаролот Оана Лунгеску вели.

„Toa што сега го гледате се разговори на 28-те сојузници за операциите во Либија. Тие се одвиваат во конструктивен дух. Ние веќе го презедовме првиот чекор во примената на резолуцијата 1973 на Советот за Безбедност на Обединетите нации и мислам дека е важно што е НАТО обединет и што се презема акција.“

Состанок на НАТО министрите за одбрана на 11.03,2011

Вашингтон, Лондон и Париз се согласија дека Алијансата треба да ја има клучната оперативна улога. Франција сака политичката одговорност да биде на група членки на коалицијата вклучително и Арапската лига.

Турција засега се противи НАТО да ја преземе одговорноста за офанзивните операции во кои може да страдаат цивили додека коалиционите сили бомбардираат цели во Либија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG