Достапни линкови

Повеќе земји го забрануваат увозот на храна од Јапонија


Русија го забрани увозот на храна од 4 региони во Јапонија поради радијацијата од оштетената нуклеарна централа Фукушима. Претходно тоа го сторија Соединетите Држави и Австралија, а Канада ги зајакна контролите на бродовите кои превезуваат храна од Јапонија. Официјални претставници во Токио соопштија дека опасност од радијација има за водата, млекото и растенијата кои се во близина на нуклеарката.
XS
SM
MD
LG