Достапни линкови

Грција со контра-аргументи во Хаг


Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска и утре Република Грција ќе ги изложи своите контра аргументи по тужбата од Република Македонија дека Атина ја прекршила Времената спогодба, со тоа што го блокирала членството на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт. Според писмените поднесоци на Атина, кои се објавени на веб страницата на Судот, грчката страна својата одбрана ја темели врз контра-обвинување дека Македонија е таа што ја прекршила Времената спогодба. Клучниот доказ што ќе го презентираат пред 15-те судии е дека одлуката на НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 била едногласно донесена и затоа Судот треба да се прогласи за ненадлежен за предметот.
XS
SM
MD
LG