Достапни линкови

Kлинтон очекува поддршка од арапски земји за акцијата во Либија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа во Вашингтон изјави дека очекува во наредниве неколку дена уште неколку арапски држави да се приклучат во интервенцијата во Либија за побрзо да се заврши повлекувањето од власт на Моамаер Гадафи. Таа додаде дека е задоволна од досегашното учество на арапските земји и дека верува оти ќе следува и поголема поддршка. Претходно британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека Кувајт и Јордан испратиле логистичка помош за интeрвенцијата.
XS
SM
MD
LG