Достапни линкови

Путин: Русија и Србија по прашањето за Косово и во иднина ќе бидат сојузници


Рускиот премиер Владимир Путин изјави денеска во Белград дека Русија и Србија и во иднина ќе бидат сојузници по прашањето за Косово, поаѓајќи од Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и истакна дека европската ориентација на српските власти ни најмалку не ја загрижува Москва. „Русија беше и ќе остане сојузник на Србија кога станува збор за Косово и не треба да се појаснуваат причините за тоа. Тие произлегуваат од историските врски и блискоста меѓу двете земји“ рече Путин на прес-конференцијата во Белград.
Србија во никој случај нема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој дополни дека Србија планира пред Советот за безбедност на Обединетите нации да го постави прашањето за спроведување независна истрага околу трговијата со човечки органи на Косово. „Сите кои извршиле криминални дела на територијата на Србија, треба да бидат изведени пред лицето на правдата“ рече Тадиќ
XS
SM
MD
LG