Достапни линкови

Четворица загинати во експлозија на бомба во Србија


Четворица загинаа, а неколкумина се повредени денеска во експлозија на бомба во централниот дел на Србија, јави српската државна телевизија РТС. Експлозивната направа била активирана од маж за време на семејна расправија со неговата сопруга на автобуска станица во градот Дубока, на 130 километри југоисточно од Белград. Кога луѓето кои чекале на автобуската станица се обиделе да и помогнат на жената, сопругот ја извадил и активирал бомбата.
XS
SM
MD
LG