Достапни линкови

Протести на Косово поради апсењето на поранешни членови на ОВК


од денешните протести

од денешните протести

Околу 2.000 косовски Албанци денеска протестираа против апсењата на поранешни членови на Армијата за ослободување на Косово (ОВК), обвинети од мисијата на Европската унија во Косово - ЕУЛЕКС за воени злосторства за време на конфликтот во периодот 1998-1999 година, пренесоа агенциите. Демонстрантите, од кои повеќето се поранешни членови на ОВК, го обвинија ЕУЛЕКС дека го нарушува имиџот на претставниците на ОВК, кои во војната се бориле за независноста од Србија. Меѓу 11-те осомничени за мачење и убивање српски заробеници и нивните албански соработници се наоѓа и еден поранешен министер на косовската влада. Околу 10.000 лица загинаа за време на конфликтот. Мисијата на ЕУ е одговорна за истражување на воените злосторства во Косово, наведуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG