Достапни линкови

Споменик висок 18 метри за загинатите на Карпалак се поставува во Прилеп


Прилеп

Прилеп

Во центарот на Прилеп денеска почна да се поставува челичната конструкција на спомен обележјето за десетте загинати прилепски бранители на Карпалак. Во моментов се монтираат челичните краци кои ги симболизираат десетте загинати. Ќе бидат поставени во централниот дел на кружниот тек во близина на локалната самоуправа наспроти досегашниот споменик на десетте загинати бранители, објаснува Бранко Нешкоски раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање. На врвот на спомен обележјето, меѓу краците ќе биде поставена топка која го симболизира вечниот живот која постојано ќе свети и ќе пулсира. Целиот објектот ќе биде висок 18 метри.
XS
SM
MD
LG