Достапни линкови

Македонија ќе повлече пари од ММФ поради изборите


Република Македонија ќе повлече 220 милиони евра од отворената кредитна линија на Меѓународниот монетарен фонд. Како што информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Владата го известила Фондот за ваквата одлука да повлече средства од одобрената кредитна линија во износ од 390 милиони евра на почетокот на годината.

„Одлуката е донесена врз основа на променетите околности пред се во делот на политичката ситуација и извесните предвремени избори како и потребата од одлагање на издавањето на еврообврзницата во такви околности, како и од аспект на одговорното однесување на Владата да ги антиципира тие настани и да презема мерки за обезбедување доволно средства за редовно извршување на буџетот во следните неколку месеци додека трае процесот на изборите“, изјави министерот за финансии.

Средствата, како што рече, ќе се трошат за сите буџетски потреби.
XS
SM
MD
LG