Достапни линкови

logo-print

Експлозија на автобуска станица во Ерусалим, блокиран најфреквентниот дел од градот


Експлозија се случи на автобуска станица во Ерусалим денеска, јавија медиумите. Полицијата, армијата и екипи за брза интервенција се присутни на местото на настанот. Инцидентот се случи на една од најфреквентните улици во градот, која се поврзува со автопатот. За сега нема информации за жртви и не е познато кој е одговорен за нападот. Новинската агенција „Ројтерс“ јави дека десетици луѓе загинале во експлозијата која се случила покрај автобус. Сето ова се случува по нападите на израелски авиони во Појасот Газа. За сега нема информации кои го поврзуваат овој напад со случувањата во Газа.
XS
SM
MD
LG