Достапни линкови

Вториот состанок меѓу Белград и Приштина ќе се одржи во понеделник


Борислав Стефановиќ и Едита Тахири

Борислав Стефановиќ и Едита Тахири

Вториот состанок во рамки на дијалогот Белград-Приштина ќе се одржи во понеделник, јавија медиумите, повикувајки се на извори од Брисел. Темите на разговорот се уште се прецизираат со двете страни. Првата рунда на дијалогот се одржа на 7 и 8 март, а се разговараше за телекомуникациите, воздушниот сообраќај, царинските печати, катастрите и матичните книги. Делегацијата на Србија во преговорите ја предводи политичкиот директор во српското МНР Борислав Стефановиќ, а на Косово - вицепремиерот на земјата Едита Тахири.
XS
SM
MD
LG