Достапни линкови

Турција не ги менува плановите за рускиот Јужен поток


трасата на рускиот гасовод Јужен поток

трасата на рускиот гасовод Јужен поток

Турција не поставувала нови услови во врска со можноста за преминување на гасоводот Јужен Поток преку нејзини територијални води, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз. Тој додаде дека за време на посетата на рускиот премиер на Анкара во август 2009 година била постигната согласност за тоа дека Турција ќе дозволи изградба на гасовод во свои територијални води. „Тогаш одлучивме дека одобрувањето ќе биде говото откако ќе заврши работата на утврдување на маршрутата и ќе биде решенео прашањето за мерките за заштита на животната средина“ изјави Јилдиз. Во меѓувреме, рускиот премиер Владимир Путин е во официјална посета на Србија, каде со тамошните власти ќе разговара за гасоводот.
XS
SM
MD
LG