Достапни линкови

Екс - претседателот на Украина демантира инволвираност во убиството на новинар


Екс - претседателот Леонид Кучма пред денешното сослушување

Екс - претседателот Леонид Кучма пред денешното сослушување

Поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма одбива било каква инволвираност во убиството на новинарот Хеорхиј Гонгадзе. Екс – лидерот го издаде демантот еден ден откако украинските јавни обвинители најавија спроведување на истрага за неговата наводна инволвираност во убиството на Гонгадзе. Кучма пред новинарите изјави дека се чувствува „смирен“ пред првото сослушување денеска бидејки, како што кажа не лувствува никаква вина. Покојниот новинар беше остар критичар на екс-претседателот. Гонгадзе беше киднапиран во 2000 година а неговото обезглевено тело беше пронајдено во плиток гроб во близина на Киев.
XS
SM
MD
LG