Достапни линкови

logo-print

Покренато обвинение против Рамковски и уште 22 лица


Велија Рамковски

Велија Рамковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера до Основниот суд Скопје 1 поднесло обвинение против Велија Рамковски и уште 22 лица за сторени кривични дела злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување и даночно затајување. По денеска одржаниот стручен колегиум Обвинителството соопшти дека во поднесеното обвинение бил даден опис „на криминалните дејствија на обвинетите за основањето на 24 фирми во Македонија и во странство кои биле раководени од, како што се наведува членовите на злосторничкото здружение и биле ставени во функција во зависност од потребите на тоа здружение.
XS
SM
MD
LG