Достапни линкови

logo-print

Косовскиот претседател Пацоли во Скопје


Беџет Пацоли, претседател на Косово

Беџет Пацоли, претседател на Косово

Новиот косовски претседател Беџет Пацоли, на покана на претседателот Иванов, во прва официјална посета на Македонија.

Пред повеќе од две години, Македонија воспостави дипломатски односи со Косово. Документот за воспоставување на дипломатските односи беше потпишан во Скопје и во Приштина, од страна на министрите за надворешни работи на двете држави, Антонио Милошоски и Скендер Хисени. Инаку, одлуката за диполаматски односи беше донесена по долги дебати во парламентите на Македонија и Косово кои го ратификуваа договорот за разграничување, што предвидуваше и размена на мали територијални парцели кај граничните села.

Осумнаесет месеци по признавањето на независно Косово, македонскиот амбасадор во Приштина официјално ја
И двете земји му припаѓаат на Западниот Балкан кој сеуште не е во Европската Унија, и двете треба и од таквите критериуми да развиваат уште подобра меѓусосетска
политика.
започна својата мисија. На одлуката за признавање на Косово како самостојна држава, Србија реагираше со протерување на македонскиот амбасадор од Белград. Денеска Македонија има добри политички односи со својот северен сосед. Но, со оглед на фактот што и двете земји се млади, потребно е заеднички да работат на подобрување на меѓусосетската политика, вели поранешниот дипломат Махи Несими.

Косовскиот претседател Пацоли доаѓа во посета на покана од претседателот Иванов

,,И двете земји му припаѓаат на Западниот Балкан кој се уште не е во Европската унија, и двете треба и од таквите критериуми да развиваат уште подобра меѓусосетска политика.“
За Македонија секако е многу важен косовскиот пазар и во тој поглед Македонија мора да ги присособи своите капацитети за да биде уште попривлечна за косовските стопанственици.


Комуникациите меѓу претседателот Ѓорге Иванов и поранешниот косовски претседател Фатмир Сејдиу заладија откако македонскиот претседател не го повика косовскиот на сопствената инаугурација, а не прифати ниту Сејдиу да допатува во Македонија во офицајлна посета со таков протокол, се додека не бидат воспоставени дипломатските односи. Моменталниот тренд на добрососетски односи треба да продолжи и во економијата, посочува Несими.

„За Македонија секако е многу важен косовскиот пазар и во тој поглед Македонија мора да ги присособи своите капацитети за да биде уште попривлечна за косовските стопанственици.“

Македонија е најголем извозник на Косово и учествува со близу 20 проценти во вкупниот увоз. Годишната трговска размена помеѓу Македонија и Косово се движи од 250 до 270 милиони евра. Околу 30 отсто од македонскиот извоз се нафта и нафтени деривати.

Инаку Пацоли, кој во посета на државата е на покана на Иванов, ќе биде дочекан со највисоки државни и воени почести. Во рамки на посетата предвидено е да биде потпишан и протокол за соработка во областа на земјоделството и сродните сектори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG