Достапни линкови

Хаг - Аргументите во наша полза?


Од јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Од јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Цврсти и сериозни факти, кои не оставаат простор за контрааргументи - оценка на домашните експерти за презентацијата на македонските ставови во Хаг.

Дводневната јавна расправа во Хашкиот суд на правдата во која беа презентирани ставовите на македонската страна, која ја тужи Грција за прекршување на Времената спогодба, за експертите поминала добро и биле презентирани цврсти докази.

Македонската страна побара од судот да и нареди на Грција да престане да го блокира членството на Македонија во
Мое мислење е дека многу објективно ја прикажуваат и ситуацијата и доказите кои се дадени за случувањата околу нашето членство во НАТО.
НАТО и да не и го попречува зачленувањето во ЕУ. Професор Димитар Мирчев вели дека аргументите кои биле изнесени се сериозни и нема да бидат игнорирани од страна на судот.

„Сосема коректно започна претставувањето на македонските правни аргументи во апликацијата на судот. Мое мислење е дека многу објективно ја прикажуваат и ситуацијата и доказите кои се дадени за случувањата околу нашето членство во НАТО.“

Професор Ивица Јосифовиќ вели дека фактите се свртеле во полза на
Правно гледано судот може да ги земе како релевантни, односно оние изјави кои што ги даваат јавните лица се прилично правно обврзувачки за
државата.
нашата страна, бидејќи во изминативе неколку месеци припадници на грчката власт јавно дадоа изјави во кои го признаваат ветото во Букурешт со што бил прекршен членот 11 од Времената спогодба.

„Правно гледано судот може да ги земе како релевантни, односно оние изјави кои што ги даваат јавните лица се прилично правно обврзувачки за државата.“

Може ли да ни наштети „антиквизацијата“?

Според Јосифовиќ, грчката страна нема многу простор за маневар и единствените контрааргумени во одбраната ќе се однесуваат на тоа дека НАТО Алијансата донела едногласна одлука во Букурешт и дека Македонија ги нарушила добро соседските односи со антиквизацијата на земјата, што е
Второ ќе се повикаат на уште една одредба од Времената спогодба, дека двете држави мора да имаат исклучителни добрососетски односи, нешто што тие тврдат дека не е случај за истакнувањето на антички реквизити, знамиња на
Вергина итн.
против Времената спогодба.

„Тоа им е најдобриот и најголемиот правен аргумент дека немало ставање на вето и второ ќе се повикаат на уште една одредба од Времената спогодба која што вели дека двете држави мора да имаат исклучителни добрососетски односи, нешто што тие тврдат дека не е случај за истакнувањето на антички реквизити, знамиња на Вергина итн.“

Грчката страна утре и задутре ќе ги изложи своите контрааргументи. Во втората фаза на 28 март, Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе заврши на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG