Достапни линкови

logo-print

Израелски град гранатиран од Газа


Израелската армија соопшти дека граната истрелана од Газа денеска експлодирала во центарот на градот Бершева на југот на Израел при што едно лице било повредено. Ова е за прв пат откако Изреал во 2008 година ја покрена операцијата за спречување на ваквите напади од палестинските територии. Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна организација Исламски Џихад. Вчера палестинските власти соопштија дека во израелски напад во појасот Газа загинало едно четиричлено семејство, додека 13 лица биле ранети.
XS
SM
MD
LG