Достапни линкови

Штетите во Јапонија над 309 милијарди долари


Јапонската влада денеска соопшти дека штетите од земјотресот и цунамито што го опустошија североисточниот дел на земјата би можело да достигнат до 309 милијарди долари. Ова е значително повеќе од претходните проценки. Владата планира да уфрли јавни пари во банките за да помогне во заздравувањето на стопанството. Се планира и давање нискокаматни кредити за претпријатијата. Овој финански пакет би можело да достигне над 250 милијари долари.
XS
SM
MD
LG