Достапни линкови

Економски самит САД, Западен Балкан


Во Балтимор денеска и утре ќе се одржи економски самит со цел поттикнување на инвестициите и зајакнување на бизнис соработката меѓу Соединетите држави и земјите од Западен Балкан. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат високи претставници на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска и Словенија. Самитот што е предвидено да го отвори заменик помошникот државен секретар за Европа Томас Кантримен, како што е соопштено, ќе биде исклучителна можност секоја земја посебно да ги представи своите проекти пред американските инвеститори.
XS
SM
MD
LG