Достапни линкови

Антонио Милошоски во посета на Холандија


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Холандија. Предвидена е средба со неговиот холандски колега Ури Розентал, при што ќе стане збор за билатералните односи и соработката меѓу двете земји во областите од заемен интерес. Милошоски ќе информира за актуелните достигнувања на Република Македонија во однос на исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од македонското министерство за надворешни работи.
Министерот Милошоски веќе неколку дена е во Холандија, каде што ја застапува Македонија на јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со македонската тужба против Грција за прекршување на билатералната Привремена спогодба од 1995 година.
XS
SM
MD
LG