Достапни линкови

logo-print

Гадафи: моите сили ќе победат


Моамер Гадафи

Моамер Гадафи

Либиската државна телевизија синоќа емитувала краток говор на либискиот лидер Моамер Гадафи, во кој ја осудува воената интервенција предводена од западните сили и порачува дека неговите сили ќе победат.
„Голем либиски народе, треба да живееш сега, ова е времето на слава“,
им рекол Гадафи на приврзаниците собрани во неговиот резиденцијален објект Баб ал Азизи во Триполи. Тоа беше прво појавување во јавноста на Гадафи во последните неколку дена, а на новинарите не им било дозволено да присуствуваат на неговото обраќање.
XS
SM
MD
LG