Достапни линкови

Владимир Путин во посета на Србија


Владимир Путин

Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин денеска ќе допатува во работна посета на Србија, каде што, како што е најавено, со највисоките претставници на оваа земја ќе разговара пред се за економската соработка, посебно во енергетската сфера. Во разговорите со претседателот Борис Тадиќ и со премиерот Мирко Цветковиќ ќе стане збор за проектот на гасоводот Јужен тек, како и за ситуацијата во Либија и во Косово. За време на посетата на Путин на Белград, се очекува да бидат потпишани спогодби за научно-техничка соработка и за туризам, како и за патен сообраќај. Вчера рускиот премиер престојуваше во Словенија.
XS
SM
MD
LG