Достапни линкови

Проверка на безбедноста на нуклеарката Козлодуј


Бугарската Влада побара безбедносна проверка на двата реактора од 1.000 мегавати на нуклеарната централа Козлодуј поради утврдување на нивната „подготвеност“ во случај на земјотрес или поплава. Целта на тестовите е да се утврди степенот на ризик од прекин на електричната енергија или од терористички напади, како и да се утврди подготвеноста на системот за ладење и заштита, на типовите реактори и на нивниот век на експлоатација. Датумот на тестирањето не е објавен, а на него ќе присуствуваат експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија.
ЕУ минатата недела одлучи да изврши тестирање на издржливоста и оптовареноста во 143 нуклеарни реактори во Европа, по големите оштетувања на јапонската нуклеарна централа Фукушима 1 при разорниот земјотрес и цунамито.
XS
SM
MD
LG