Достапни линкови

Почна лидерската средба кај претседателот Иванов


Во претседателската вила „Водно“ попладнево почна средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани, што е уште еден обид да ги усогласат ставовите околу предвремените парламентарни избори. Денешната лидерска средба што ја иницира претседателот Ѓорге Иванов, е продолжение на претходната што почна во неделата вечерта, а заврши во понеделникот рано утрото со, како што оценија учесниците, одреден напредок во врска со отворените прашања. Постигната е согласност за Изборниот законик односно во избирачките одбори да има четворица партиски членови, рокот за контрола на Избирачкиот список да биде 30 дена од формирањето на Комисијата во Собранието и да се редефинираат границите на шестата изборна единица поради поголем број гласачи од законски дозволеното.
XS
SM
MD
LG