Достапни линкови

logo-print

Петти ден протести во Сирија, ООН и ЕУ реагираат


од минатонеделните немири во Дара

од минатонеделните немири во Дара

Стотици луѓе протестираа во два града во Сирија денеска, изразувајки незадоволство од владеачката елита во земјата. Очевидци тврдат дека протестите, преку кои се бара слобода, се одржале во градот Дара и во населено место близу Нава, во југот на земјата. Нави Пилај, високиот комесар за човекови права при Обединатите нации, побара спроведување на истрага за случувањата од изминатата недела, кога шестмина загинаа во немирите во земјата. Европската унија, пак ги осуди насилните постапки на власта против мирните протести на демонстрантите.
XS
SM
MD
LG