Достапни линкови

Путин изразил лични ставови за интервенцијата во Либија


Владимир Путин, денеска во Словенија

Владимир Путин, денеска во Словенија

Забелешките на премиерот Владимир Путин за воената интервенција во Либија се негово лично мислење, изјави денеска портпаролот на рускиот лидер. Претседателот Димитриј Медведев остро му се спротистави на премиерот Путин за неговата споредба на воената интервенција во северноафриканската земја со повици за крстоносни походи во средновековието. Претседателот Медведев го изрази официјалниот став на Русија, изјави денеска во Словенија портпаролот на Путин Димитриј Песков. Инаку, Путин денеска е во Словенија на разговори за изградбата на рускиот гасовод „јужен поток“.
XS
SM
MD
LG