Достапни линкови

Хаг - Грција да не ја блокира Македонија во ЕУ


Британскиот професор Филип Сандс зборува на јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Британскиот професор Филип Сандс зборува на јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Судот да и нареди на Грција да престане да го блокира македонското зачленување во НАТО и да не го попречува зачленувањето во ЕУ - македонско барање од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Хашкиот суд на правдата да и нареди на Грција да престане да го попречува членството на Македонија во НАТО и да не го повторува таквото однесување при зачленувањето во ЕУ. Ова е македонско барање, кое на крајот на денешната јавна расправа пред Судот го истакна француската професорка Женевјев Бастид Бордо, која е дел од македонскиот правен тим.

Македонија ја тужи Грција дека со ветото на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ја прекршила Времената спогодба, според која Грција нема
Барањето за неповторување на овој незаконски акт се однесува на начинот на кој тужената страна треба да се однесува кога треба да се донесе одлука за барање на членство во одредена меѓународна организација од страна на тужителот, без разлика дали станува збор за ЕУ или кога НАТО повторно ќе го разгледува
барањето за прием.
да го попречува членството на Македонија во меѓународни организации под привремената референца „поранешна југословенска Република Mакедонија“.

Македонија бара Судот да утврди дека Грција ја прекршила Времената спогодба. Бастид Бордо побара од Судот да и нареди на Грција да престане и да не го повторува ваквиот чин.

„Барањето за неповторување на овој незаконски акт се однесува на начинот на кој тужената страна треба да се однесува кога треба да се донесе одлука за барање на членство во одредена меѓународна организација од страна на тужителот, без разлика дали станува збор за ЕУ или кога НАТО повторно ќе го разгледува барањето за прием“, вели професор Бастид Бордо.

Македонската делегација во Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Британскиот професор Филип Сендс се осврна на тврдењата на Грција дека само преземала контрамерки против кршењето на Времената спогодба од македонска страна. Никогаш до април 2008 година, Грција не се пожалила дека Македонија ја крши Спогодбата, потенцира тој.

„И тогаш излегоа со изобилство на забелешки со крајно тривијални обвинувања. Преименувањето на скопскиот меѓународен аеродром во Александар Велики, на пример. Илипреименувањето на автопатот,пан-европскиот автопат, исто така во Александар Велики. Како побогу може сериозно да се тврди дека овие акти се спротивни на Времената спогодба или со кој било меѓународен закон“, запраша Сендс.



Во првиот дел од денешната јавна расправа, белгискиот професор Пјер Клајн побара од Судот да и нареди на Грција да и овозможи на Македонија да
И тогаш излегоа со изобилство на забелешки со крајно тривијални обвинувања. Преименувањето на скопскиот меѓународен аеродром во Александар Велики, на пример. Како побогу може сериозно да се тврди дека овие акти се спротивни на Времената спогодба или со кој било меѓународен
закон.
биде кандидат за членство во НАТО и притоа да не мора да се соочи со блокада.

Претходно, користејќи интервјуа на поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани и на премиерот Костас Караманлис, македонскиот правен тим докажуваше дека Грција ставила вето на членството на Македонија во НАТО и дека грчките власти биле свесни дека со тоа ја кршат Времената спогодба. Грција сега се брани дека не ставила вето, туку дека непримањето на Македонија е одлука на НАТО.

Грчката страна ќе ги изложи своите контрааргументи на 24 и 25 март. Во втората фаза на 28 март, Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе заврши на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG